Играчот од средниот ред на Динамо, Аријан Адеми е под знак прашалник за дуелот со Карабах во плеј-офот во Лигата на шампионите поради проблеми со скочниот зглоб. Сепак, неговото појавување можеби и ќе се случи, меѓутоа речиси сигурно дека нема да биде стартер.
Се очекува за Динамо на првиот меч кој се игра утре на Максимир сигурно да стартува Стефан Ристовски.
Ристовски е во одлична форма. Постигна гол на последните два меча за Динамо, а особено прекрасен беше оној против Вараждин. Динамо Загреб ќе сака да избори што подобар резултат против тимот од Азербејџан пред реваншот кој се игра идната недела во Баку.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА