Изненадувачки трансфер: Стоперот на Јувентус потпиша за Ајакс

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани го напушти Торино и е пред трансфер во Ајакс, објавија италијанските медиуми. Ругани денеска ќе ги помине медицинските прегледи во Амстердам пред да ја заврши позајмицата до крајот на сезоната.

Ругани потпиша продолжување на договорот со Јувентус пред само неколку месеци, непосредно пред назначувањето на Тиаго Мота. Но, подоцна дозна дека не е дел од плановите на новиот тренер, па Јувентус постигна договор со Ајакс.

Како што пренесува Calciomercato.com, Ајакс нема да плати позајмица, туку ќе покрие голем дел од платата на дефанзивецот за време на неговиот едногодишен престој во клубот.

Му посакувам на Јувентус сезона полна со задоволство и победи“, изјави Ругани за Ilbianconero.com пред да полета за Амстердам од аеродромот во Торино.

Се вчитува...