Англискиот Вест Хем е најсериозен кандидат за привлекување на шпанскиот играч за врска на Пари Сен Жермен, Карлос Солер , според весникот „Екип“. Клубот од Лондон во моментов преговара со парижаните за трансфер на фудбалерот, а споменатата сума е 20 милиони евра.
Вест Хем е заинтересиран за играчот подолго време, но сега ги обнови преговорите и сака што поскоро да ја заврши зделката.
За Карлос Солер е заинтересиран и Реал Сосиедад, но баскискиот клуб не може да потпише со него без да продаде еден од своите клучни играчи, со што е тешко да се комплетира трансферот. Самиот Карлос Солер беше забележан на натпреварот Валенсија против Барселона викендов додека продолжува да одржува добри односи со својот поранешен клуб Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА