Со голот на Раул Моро во 23. минута, Ваљадолид ја стартуваше новата сезона во шпанската Ла Лига со победа. Тимот кој што се врати во „елитата“, има одличен почеток на сезоната и стартуваше со три бода.
Со тоа Ваљадолид им се приклучи на оние екипи кои со победа ја стартуваа новата сезона во Шпанија, а тоа се Селта, Рајо и Барселона.
Првото коло ќе го комплетираат Виљареал и Атлетико Мадрид, кои играат вечерва во 21:30 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА