Пред еден месец Ендрик плачеше од емоции и од среќа што стана играч на Реал Мадрид, а сега веќе бара излез од таборот на „кралевите“, иако сезоната практично само што започна. Причината не е тешко да се погоди – минутажата.
Со оглед дека Реал има атомски напад со Мбапе, Родриго и Винициус, за Ендрик е очекувано да нема место, а тој веднаш го истакна своето незадоволство од првите два меча каде не доби минута.
Анчелоти го држеше на клупата најпрво во дуелот со Аталанта во УЕФА Супер-Купот, а потоа и со Мајорка во шпанската Ла Лига.
Шпанскиот весник АС ја објави веста дека бразилскиот напаѓач веќе размислува за заминување и ќе чека до декември за да донесе конечна одлука дали кариерата ќе ја продолжи на друго место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА