На поширокиот список, кој беше објавен на веб-страницата на Фудбалскиот сојуз на Србија, се најдоа 29 играчи, а ќе биде скратен на 30 август кога ќе биде и конечниот список со играчите на кои смета за натпреварите против Шпанија и Данска.
Дури 11 нови фудбалери добија покани за разлика од ЕВРО 2024. Меѓу нив се голманите Александар Јовановиќ од Партизан и Марко Илиќ од Црвена звезда. Нови лица во одбраната се некои играчи кои се повикани и претходно, како Страхиња Ераковиќ, Алекса Терзиќ, Коста Недељковиќ и Јан Карло Симиќ.
Од средниот ред се новите или ново-старите лица Кристијан Белиќ, Марко Грујиќ, Милан Алексиќ и Стефан Митровиќ. Од напаѓачите ново име е само Михаило Ивановиќ од Војводина. На списокот за ЕП го нема капитенот Душан Тадиќ кој стави крај на репрезентативната кариера.
Ги нема голманот Вања Милинковиќ-Савиќ, потоа Урош Спајиќ, Срѓан Мијаиловиќ и Филип Младеновиќ од бековите, ги ниту Немања Гудељ и Филип Костиќ кои најавија дека како Тадиќ ќе се повлечат од репрезентацијата. Го нема ниту Мијат Гачиновиќ.