Извлечени двојките за Купот на Македонија: Вардар против Новаци, Струга ТЛ со Слога Виница, Работнички против Шкендија Арачиново… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Во просториите на ФФМ извлечени се двојките за 1/16-финалето од Купот на Македонија за сезоната 2024/25.

Шампионот Струга ТЛ го почнува натпреварувањето со дуел против Слога Виница, додека Шкендија ќе се соочи со битолската екипа Јени Маале.

Вардар во битката за осминафинале во Купот ќе игра против второлигашот Новаци, а интересна пресметка го очекува и Работнички против Шкендија Арачиново.

Титулата во Купот оваа сезона ја брани тимот на Тиквеш, кој во минатогодишното финале ја победи Воска со 2-1. Токму поради тоа кавадарчани си обезбедија и директно место во 1/8-финалето на најмасовното домашно клупско натпреварување.

Во 1/16-финалето од Купот на Македонија се игра еден натпревар, закажан за 18. септември од 15 часот.

КУП НА МАКЕДОНИЈА – 1/16-ФИНАЛЕ

Новаци – Вардар
Победа – Гостивар
Џепчиште – Шкупи
Кожуф – Арсими
Вардар Неготино – АП Брера
Јени Маале – Шкендија
Беласица – Македонија ЃП
Башкими – Воска Спорт
Охрид – Беса
Слога Виница – Струга ТЛ
Шкендија Арачиново – Работнички
Карбинци – Силекс
Борец – Детонит Плачковица
Скопје – Пелистер
ФК Слободен – Брегалница

* Тиквеш како освојувач на Купот обезбеди директен пласман во 1/8-финалето од Купот
  • Натпреварите од 1/16-финалето се играат на 18. септември со почеток од 15 часот

 

Се вчитува...