Ериксен се враќа дома, Јунајтед ја одреди цената

Кристијан Ериксен е на добар пат да си замине од Манчестер Јунајтед откако стручниот штаб веќе му ставил до знаење на Данецот дека нема да биде дел од плановите за посериозна минутажа во наредната сезона. Искусниот плејмејкер не размилувал за селидба и покрај ваквата пората од Тен Хаг, но ситуацијата се променила откако Ајакс искажал интерес да го врати Ериксен назад во своите редови.

Кристијан Ериксен својата блескава кариера ја почна токму како член на холандскиот фудбалски гигант, на кој му се приклучи на 18-годишна возраст. Тој мина три фантастични сезони во дресот на Ајакс по што следеше преселба во Тотенхем, но Ериксен секогаш го потенцирал Амстердам за свој фудбалски дом, па сега сериозно размислува за камбек откако управата на клубот тргнала во преговори за неговиот трансфер.

Англиските медиуми откриваат дека „црвените ѓаволи“ веќе ја одредиле и цената – Ајакс ќе треба да плати пет милиони евра ако сака да го осигура потписот на својот поранешен фудбалер. Ериксен има 32 години и може да игра уште неколку сезони на високо ниво, па на раководството на Ајакс е дали ќе ги прифати условите на англискиот премиерлигаш за до крајот на овој месец да потпише договор и да го врати Ериксен назад на „Јохан Кројф“ арената.

Се вчитува...