Најголемото засилувања за Милан во летниот преоден рок, Алваро Мората, ќе мора да паузира во следните три недели по заработената повреда на мускулот на ногата.
Уште во првиот меч по пристигнувањето во Милано, на саботниот дуел против Торино (2-2) на кој влезе во игра во второто полувреме го истегна мускулот поради што извесен период ќе мине на рехабилитација. Мората претходно и го постигна својот прв гол за Милан на дуелот.
По извршените детални лекарски прегледи утврдено е дека ќе мора да паузира три недели, поради што нема да игра на средбите против Парма и Лацио, а нема да биде дел од селекцијата на Шпанија и на двата меча од Лигата на нации во септември.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА