Идејата за воведување на шут за четири поени во НБА лигата не е новиетет, но оваа идеја одново се актуелизираше откако во кошаркарското првенство на Филипини за прв пат официјално беше воведн овој новитет.
Во НБА лигата постојат голем број на играчите на кои нема да им биде проблем да се обидат од поголема далечина. Еден од нив е и најдобриот „шутер“ на сите времиња, Стеф Кари кој сепак е против оваа идеја.
„Јас би можел да имам корист ако постои шут за четири поени бидејќи и сега веројатно шутирам од таа далечина која е одредена за тој шут. Но, мислам дека тоа многу би ја променило геометријата на играта, оние кои не умеат да шутираат од таа дистанца ќе се охрабрат да шутираат од уште подалеку. Затоа, тоа не е добра идеја“, вели Кари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА