Алкалоид со триумф над Динамо Панчево го стартуваше турнирот во Охрид

Освојувачот на Купот, тимот на Алкалоид триумфално го стартуваше турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид. Избраниците на Кире Лазаров го совладаа Динамо Панчево од Србија со 27-22.

Најефикасен во тимот на Алкалоид беше Никола Костески кој постигна шест голови, а после него Мартин Серафимов погоди пет пати.

Следниот натпревар на турнирот во Охрид, Алкалоид ќе го игра против Олимпијакос, а потоа и против Ловќен. На турнирот во втората група се Охрид, Вардар, Партизан и Целје.

Вечерва играат Охрид против Вардар.

 

Се вчитува...