Изградбата на новиот стадион во Барселона полека напредува и е при крај, а прогнозите се дека новиот Камп Ноу треба да биде готов до крајот на оваа година 60 %, додека работите треба целосно да завршат на почетокот на следната година. Пред завршувањето на изградбата, каталонскиот клуб објави слики кои покажуваат како треба да изгледа.
Капацитетот на новиот стадион ќе достигне дури 105.000 гледачи, односно 13.500 повеќе од пред надградбата, а половина од сите седишта ќе бидат покриени. Ова треба да го направи стадионот на Барселона трет по големина стадион кога станува збор за бројот на седишта во светот, зад стадионот Нардера Моди во Индија со 132.000 седишта и стадионот Рунградо во Северна Кореја со 114.000 седишта.
The Spotify Camp Nou looks 𝐆𝐎𝐑𝐆𝐄𝐎𝐔𝐒 😍
📸 @fcbarcelona pic.twitter.com/rzlmoa9eG3
— 433 (@433) August 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА