Динамо Загреб оствари голема победа над Карабах од 3-0, и се доближи до групната фаза во Лигата на шампиоините. Во синоќешниот прв меч херој беше Сандро Куленовиќ, кој како „џокер“ од клупата влезе, и даде два гола со што го запечати триумфот на својот тим.
По натпреварот веднаш почнаа приказни за повик во репрезентацијата на Хрватска. „Новиот Манџукиќ“ како што го нарекуваат, сепак, би можел никогаш да не заигра за сениорите на „коцкастите“ со оглед дека е на радарот на БИХ.
Таткото на Сандро е поранешен репрезентативец на БИХ. Иако е роден во Загреб, сепак, потеклото му е од БИХ и лесбно би можел да го смени спортскиот пасош. Според најавите, засега напаѓачот е поблиску до БИХ, со оглед дека повикот од Хрватска го немаше до сега, и покрај тоа што играше за младите селекции на „коцкастите“.
Неодамна селекторот на БИХ го објави списокот за Лигата на Нации, и на него го немаше Куленовиќ. Тој има одличен почеток на сезоната, со пет гола на четири натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА