Андриј Лунин, украинскиот голман на Реал Мадрид одново го најде своето место на клупата за резерви откако од повреда се врати Тибо Куртоа, исфрлајќи го од првиот тим на големо незадоволство на 25-годишникот.
Лунин ја искористи повредата на Куртоа на почетокот на претходната сезона и се наметна како одлична замена за искусниот Белгиец, но враќањето на поранешниот фудбалер на Атлетико Мадрид и Челси меѓу стативите сега ќе донесе заминување на Украинецот од кое Реал Мадрид нема да има никаква заработка.
Договорот на Лунин со Реал Мадрид важи до крајот на тековната сезона по што тој ќе замине од клубот во потрага по минутажа и ќе биде слободен да ја бира новата средина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА