Италијанскиот репрезентативец Федерико Киеза по враќањето во Јувентус од Европското првенство дозна шокантна вест дека Тиаго Мота нема да смета на неговите услуги и дека е ставен на трансфер-листата. Но, се чини дека за Киеза тоа на крај испадна позитивна промена затоа што кариерата би можел да ја продолжи во Барселона.
И челниците на Јувентус по неговото враќање од ЕВРО 2024 ја поддржаа идејата на Мота да се ослободат од Киеза на кого, воопшто, не му беше сеедно.
Но, по сите тие мачни денови за него има светло на крајот од тунелот, по искажаниот огромен интерес од Барселона. Фудбалерот веќе им кажал на своите агенти дека сака да оди во каталонскиот тим.
Барселона се обиде на крилните позиции да ги доведе Нико Вилијамс, Луис Диаз и Рафаел Леао, но поради финансиските проблеми од тие трансфери на крај не испадна ништо.
Но, заминувањето на Илкај Гундоган во Манчестер сити сега отвори можност Барселона најпрво да го регистрира Дани Олмо, но и да донесе барем уште едно засилување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА