Ѓоковиќ: Му благодарам на Карлос што ми попушти да освојам злато

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се врати на теренот по освојувањето на златото на Лените олимписки игри во Париз. Тој беше дел од спектаклот во пресрет последниот грен-слем на сезоната, УС Опен па во егзибициски меч настапи со Џон Мекинрум, а на спротивната страна од теренот се најдоа Карлос Алкараз и Андре Агаси.

Мечот помина во фантастична атмосфера проследена со бројни шеги кои од теренот продолжија и по крајот на средбата на која српско-американското дуо стигна до победа.

Секогаш расположениот Ѓоковиќ ја искористи шансата да се нашали со младиот Алкараз, говорејќи за финалето на ЛОИ во Париз.

„Веќе му кажав дека сум му благодарен бидејќи ме пушти да освојам злато. Тој до крајот на кариерата најверојатно ќе освои златен медал барем три пати“, низ смеа говореше Ѓоковиќ.

Се вчитува...