Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на својата редовна седница ја одреди цената на билетите за натпреварот на македонската А репрезентација против Ерменија од циклусот во Лига на Нации на 10. септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на билетите за натпреварот изнесува 200 денари (Источна и Западна трибина) и 400 денари (Јужна и Северна трибина). 1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на Северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на МК Тикетс.
Меѓу другото, на својата седница, УО на ФФМ донесе одлука да се воспостави нов УЕФА курс во рамки на едукативните курсеви за добивање на УЕФА диплома во организација на Центарот за Едукација на ФФМ – УЕФА Фитнес А диплома.
Одлуката е донесена по едногодишна подготовка, учество на два семинари организирани од УЕФА, подготовка на специфични поврзани документи во тесна комуникација со назначените ментори од УЕФА по што како резултат е добиено одобрение од страна на УЕФА за воспоставување на споменатиот курс. Истиот се планира да стартува претстојната есен, а повеќе информации ќе следат претстојниот период.
Исто така беа усвоени и пропозициите за натпреварување во млади категории за натпреварувачката сезона 2024/25.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА