Мароко го гради најголемиот стадион во светот – Сака да ги засени „Камп Ноу“ и „Сантијаго Бернабеу“ на СП 2023 (ВИДЕО)

Шпанија, Португалија и Мароко се домаќини на Светското првенство кое ќе се одржи во 2030 година.

Па, за тој настан, предложени се три можни стадиони за финалниот натпревар – „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, „Камп Ноу“ во Барселона и новиот стадион кој се гради во Казабланка.

Најголем фаворит е Мадрид, но Фудбалскиот сојуз на Мароко силно заговара финалето да се игра на нивниот нов стадион кој во моментов е во изградба.

Стадионот Хасан 2, наречен по мароканскиот крал, ќе биде дефинитивно најголемиот стадион во светот со капацитет од 115.000 седишта. Една од неговите најинтересни карактеристики ќе биде неговото опкружување со бројни градини кои ќе создаваат мирна оаза. Кровот ќе биде во облик на шатор инспириран од традиционалните марокански фестивали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Populous (@wearepopulous)

Се вчитува...