Хамес Родригез повторно се враќа во Ла Лига

Поранешната ѕвезда на Реал Мадрид, Хамес Родригез повторно се враќа во Ла Лига, овој пат со договор за засилување на редовите на Рајо Ваљекано.

Хамес изминатава година имаше квалитетни настапи за Сао Паоло во Бразил, а демонстрираше и одлични изданија за Колумбија на Копа Америка. Па, по истекот на договорот со Сао Паоло се одлучи за враќање во Европа, одлучувајќи да ја прифати понудата од поранешниот клуб на Столе Димитриевски.

Покрај Рајо, 32-годишниот Родригез преговарал и со Селта, но сепак од Рајо Ваљекано биле далеку поконкретни во желбата за негов ангажман.

Се вчитува...