Светскиот шампион со Германија блиску до потпис со Реал Сосиедад

Доскорашниот дефанзивец на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс е во преговори за трансфер во шпански Реал Сосеидад. Тимот од Сан Себастијан го сака во своите редови искусниот стопер кој е без клуб поради тоа што го раскина договорот со „милионерите“.

Хумелс беше поврзуван и со италијански и германски клубови, но на крајот веројатно ќе заврши во Шпанија.

Тој во минатото играше и во Баерн Минхен, а ова ќе му биде прв ангажман надвор од Германија. Со германската репрезентацијата во 2014 година стана светски првак.

Се вчитува...