Лекарите ја советуваат една од најдобрите тенисерки да ја прекине кариерата

Шпанската тенисерка Пола Бадоса (26) моментално го минува најтешкиот период во кариерата. Таа во интервју за шпанскиот Кадена СЕР откри дека лекарите бараат од неа итно да ја заврши кариерата и да престане професионално да се занимава со тенис, но таа одбива.

“Лекарите бараат да не играм повеќе тенис бидејќи повеќе од една година сум надвор од терените. Ако не можам да играм на високо ниво, нема ни да играм тенис. Ми рекоа дека единственото решение е да престанам, но досега не размислувам да престанам со играње“, изјави Бадоса.

На врвот на кариерата Бадоса беше втората тенисерка во светот, освои четири титули на ВТА, но во последните година и пол имаше големи проблеми со повредите. Најпрво ја мачеше аддуктор, а потоа сериозно го повреди грбот, до тој степен што продолжувањето на нејзината кариера беше доведена во прашање.

Таа откри и дека и требаат дневни инјекции само за да може нормално да функционира надвор од спортот. Таа одбива да ги слуша советите на докторот, а моментално е 27-та тенисерка во светот бидејќи по закрепнувањето постигна неколку добри резултати.

Се вчитува...