Има договор: Шпанскиот репрезентативец е нов играч на Арсенал

Реал Сосеидад и Арсенал постигнаа договор околу ангажман на Микел Мерино. Шпанскиот репрезентативец треба во следните часови да ги мине лекарските прегледи и да потшише со „топчиите“. Со тоа Мерино ќе се врати во Премиерлигата, каде настапуваше во Њукасл.

Лондончани ќе го платат фудбалерот 32 милиони евра, плус пет милиони во бонуси. Играчот имаше многу понуди летово, по добрите настапи за Шпанија на ЕВРО 2024 каде го постигна победничкиот гол за Шпанија во 1/4 финалето против Германија, меѓутоа тој сакаше само во Арсенал.

28-годишниот Мерино ќе потпише со Арсенал на четири години. Шпанецот со тоа ќе стане второ засилување после Рикардо Калафиори.

Се вчитува...