Партизан загуби на домашен терен од Гент и се оддалечи од групите во ЛК

Екипата на Партизан ќе има тешка задача да избори место во групната фаза во Лигата на конференции, откако во првиот меч во плеј-офот е поразен на домашен терен од Гент со 0-1. Белгијците со гол на Ганделман уште во 16. минута успеаја да слават во Белград. Ова за „црно-белите“ беше трет пораз на домашен терен во Европа, и сега на реваншот ќе треба да брка пласман во групната фаза, но таму мора да победи.

Во групната фаза ќе патува тимот на Сркл Бриж, кој на гостински терен ја совлада Висла Краков со 1-6. Фиорентина на домашен терен со Пушкаш Академија одигра само 3-3. Хакен на Филип Трпчевски загуби на домашен терен од Хеденхајм со 1-2. Пјуник можеби го направи најголемото изненадување, победувајќи го словенечки Цеље со 1-0 и се стекна со предност пред реваншот.

Се вчитува...