Јувентус одлично го стартуваше новиот шампионат во Серија „А“. Тимот од Торино го совлада Комо со убедливи 3-0, а ако беа искористени шансите, ќе беше и поубедлива победата, со оглед дека два пати ја погоди рамката на голот на противникот.
Тијаго Мота се гледа дека одлично ја вклопил екипата, но тимот може да биде уште посилен ако до крајот на овој преоден рок се остварат најавите за две големи засилувања.
Првото е играчот од средниот ред на Аталанта, Теун Компајнерс. Холанѓанецот веќе изразил желба да се приклучи на Јувентус, чија понуда е 59 милиони евра, и се чини дека во скоро време ќе биде прифатена.
Вториот играч кој би можел да пристигне во Торино е Џејдон Санчо. Англичанецот и натаму има проблеми со Ерик тен Хаг, и се чини за него ќе нема место ниту во новата сезона, и покрај тоа што тренерот на Јунајтед кажа дека проблемите се надминати. Сепак, Јувентус ќе има конкуренција во потписот со ПСЖ. Можна е позајмица до крајот на сезоната со откуп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА