Ливерпул одново ќе се обиде за Рабио

Ливерпул не се откажува од идејата да го привлече поранешниот играч на Јувентус , Адриен Рабио , тврди „Get Football News France“. Французинот моментално е слободен играч и може да биде доведен на „Енфилд“ бесплатно.

Интересот на Мерсисајдерите за овој играч е познат подолго време, но во моментов двете страни не можат да се договорат за трансфер. Се вели дека Рабио чека понуда од Манчестер Јунајтед, но досега не добил, па не е ни чудо што овој пат повеќе е заинтересиран за понудата од Ливерпул.

Потенцијалниот потпис на Рабио не е толку итен и покрај тоа што преодниот рок е при крај. Тоа е затоа што на слободните агенти им е дозволено да потпишат со клубови и после 1 септември.

Се вчитува...