Кристијано Роналдо го постигна првиот гол сезонава во шампионатот на Саудиска Арабија. Португалецот го отвори резултатот на домашниот меч на Ал-Насер против Ал-Раид , но домаќините не успеаја да победат и натпреварот заврши 1:1. Во вториот дел на Роналдо му беше поништен гол поради офсајд.
Роналдо (39) сега има 61 гол на вкупно 67 натпревари откако му се приклучи на Ал-Наср. Тој постигна еден гол на натпреварите против Ал-Тавон и Ал-Хилал на турнирот во Суперкупот на Саудиска Арабија , но неговиот тим го загуби финалето.
По натпреварот Роналдо беше бесен и не се ни врати во соблекувалната, а тренерот на Ал-Насер, Луис Кастро, на прес-конференцијата изјави дека неговиот тим е оштетен не само од поништениот гол, туку и од незаслужениот пенал за играње со рака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

