Виландер со критики за Алкараз: Мразам да го гледам тоа…

Тенискиот аналитичар Матс Виландер го критикуваше односот на Карлос Алкараз за време на неговиот настап пред две недели во Синсинати.

Алкараз во поразот од Минфилс на АТП Мастерсот доби наплив на бес кршејќи го својот рекет на теренот, што, според Виландер, било несоодветно за него.

„Не беше во ред тоа што го направи. Но, подлогата во Синсинати е тешка за играње. Очигледно е многу уморен и разочаран откако не победи на Олимписките игри“ – вели Виландер, и продолжи:

„Мразам да гледам како некој го крши рекетот, затоа што мислам дека тоа е последно нешто кое како тенисер треба да го правите, затоа што тениските рекети не се бесплатни за 99,99% од жителите на планетава. Од друга страна, со тоа исто така веќе испрати порака дека не е 100% апсолутно совршен спортист како што претходно се прикажуваше. Сега малку се оддалечи од тоа. И тоа мислам дека е во ред, за да знае и тој и другите дека никој не е совршен“.

Се вчитува...