Францускиот гигант пред колапс, ги стави сите играчи на трансфер листа

Францускиот клуб Лион, ги стави поголемиот дел на играчи на трансфер листа, со цел да ја достигне својата цел за финансиска добивка пред крајот на преодниот рок.

Раководството на лион испрати порака дека речиси сите се на продажба, и ќе бидат продадени оние за кои ќе добијат најдобра понуда.

Францускиот тим има намера да собере 100 милиони евра пред затворањето на преодниот рок, а францускиот „Л’Екип“ потенцира дека им требаат уште 75 милиони евра да стигнат до целта.

Во последните два месеци овој гигант потроши 134 милиони евра, најмногу од сите клубови во Франција. Во јули тие потрошија 34 милиони за ангажман на Муса Нихате од Нотингем.

Во четвртокот Лион објави дека го продал Мамаду Сар на Стразбур за 10 милиони евра. Клубот ги известил властите на Лига 1 дека ќе ги собере потребните 100 милиони до почетокот на сезоната.

Се вчитува...