Шпанскиот тим Прат од Хувентуд е новиот клуб на талентираниот македонски кошаркар Теодор Симиќ. Станува збор за втор тим на далеку попознатиот Хувентуд.
Прат во новата сезона ќе игра во третата по ранг лига во Шпанија.
Високиот македонски центар во минатото беше дел од младинските категории на Барселона. Беше поврзуван и со трансфер во МЗТ, меѓутоа на крајот се одлучи да остане во Шпанија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА