Е. Пелистер од -5 до победа над Чеховски Медведи за финале на „Купот на пријателството“

Македонскиот шампион Е. Пелистер ќе игра во финалето на „Купот на пријателството“ во Болу, Турција, откако во полуфиналната пресметка славеше против Чеховски Медведи со 26-25 (12-15).

И покрај добриот старт на мечот на битолчани, сепак Чеховски Медведи направи серија 8-3 преку Котов и Горнев и на полувремето замина со предност од 12-15.

Во второто полувреме Русите дојдоа до предност и плус пет гола, но потоа се беше во знакот на македонскиот тим кој со пресврт успеа да дојде до победа, откако во последниот напад погоди Жарко Пешевски за 26-25.

Богдан Радивојевиќ со десет гола беше најдобар меѓу стрелците. Манасков, Борзаш и Пешевски постигнаа по три погодоци, а кај Чеховски Медведи се истакна Фурцев со пет и Котов со четири гола. Противник на Пелистер во финалето ќе биде подобриот од второто полуфинале меѓу Мешков Брест и АЕК Атина.

Се вчитува...