Ракометарите на РК Алкалоид се првите финалисти на Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“ кој се игра во Охрид, откако во третиот натпревар од групната фаза запишаа и трета победа, овој пат над екипата на Ловќен од Црна Гора со 34-30.
Избраниците на Кирил Лазаров ссема заслужено се радуваа на триумфот, контролирајќи го резултатот и играта од самиот почеток на мечот. За најдобар играч на мечот е прогласен Александар Петковски кој мечот го заврши со пет постигнати гола.
Алкалоид претходно во групата славеше и над Динамо Панчево од Србија и Олимпијакос од Грција.
Во финалето на турнирот Алкалоид ќе игра со Вардар 1961 или словенечки Целје, кои во другата група меѓусебниот натпревар од последното коло го играат вечерва од 21 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА