Охрид ремизираше со Партизан па ќе игра за 7. место на турнирот „Крсте Андоновски“

Ракометарите на Охрид ремизираа (27-27) со Партизан на Интернационалниот турнир „Крсте Андоновски“, па на крај ќе играат само за седмото место на турнирот во нашиот најголем туристички центар.

Партизан, пак, поради подобра гол-разлика, ќе игра во мечот за петтото место на турнирот.

Охриѓани за седмата позиција на турнирот ќе игра со црногорскиот шампион Ловќен во утрешниот натпревар од 10:30 часот.

Се вчитува...