Холандскиот фудбалер Анвар Ел Гази кој доби отказ од Мајнц поради поддршката прикажана кон Палестина откако ја доби судската пресуда против германскиот прволигаш ќе донира пола милион евра за помош на децата го Газа.
Ел Гази кој има мароканско потекло порача дека не може да молчи и дека за убивањето на илјадици деца во Газа нема оправдување за што прво беше суспендиран, а подоцна и доби отказ од бундеслигашот.
Случајот заврши на Суд кој изгласа во полза за Ел Гази, тој да добие вкупен износ од 1.7 милиони евра во следните три месеци. Речиси третина од оваа сума Холанѓанецот ќе ја донира.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА