Брајтон не запира: Стигна до нов трансфер и ја надмина границата од 200 милиони евра

Англискиот прволигаш Брајтон не запира со засилувањата за новата сезона. По ангажманот на осум нови фудбалери на југот на Англија пристигнува и деветтиот во името на Мет О’Рајли.

Дваесетитригодишникот во Брајтон се сели од шкотскиот гигант Слетик во трансфер вреден 35.4 милиони евра со бонуси со што тимот кој минатата сезона заврши како единаесетти во Премиерлигата ја надмина границата од 200 милиони евра потрошена на нови засилувања за сезоната 2024/25.

За О’Рајли тоа воедно значи и враќање во Англија од каде и потекнува. Тој во минатото настапуваше за младинската школа на Фулам, во 2022 година од Милтон Кејнс се пресели во Селтик.

Во „зелено-белиот“ дрес одигра 124 натпревари, постигна 27 голови и додели 35 асистенции освојувајќи три титули во шкотското првенство, два Купа и еден Лига Куп.

Се вчитува...