Предолгата клупска сезона со Реал Мадрид и настапот за англиската репрезентација на Европското првенство во Германија го земаа данокот за младата ѕвезда Џуд Белингем кој заработи повреда на мускулот на десната нога поради која ќе отсуствува околку еден месец.
По информацијата за неговото отсуство Англичанецот се огласи на социјалните мрежи.
„Ништо не мразам повеќе од тоа да пропуштам натпревари, но треба да се гледа на позитивната страна и можеби моето тело испраќа порака дека ми треба повеќе одмор по напорната сезона.
Фрустриран сум, но ќе ги поддржувам соиграчите како голем фан, се додека не им се придружам повторно и тоа во најдобра форма“, стои во објавата на Белинхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА