Добри вести за Барселона: Каталонците договорија позајмица за Ленгле

Французинот на Барселона, Клеман Ленгле и во новата сезона нема да настапува за каталонскиот тим откако беше договорена позајмица во ривалот Атлетико Мадрид. Двата клуба ги договорија условите за позајмицата и наскоро се очекува официјализација на соработката.

Ленгле пристигна на „Камп Ноу“ во 2018 година од Севилја, но не успеа да се наметне во тимот, поминувајќи дел од кариерата и на позајмици во Тотенхем и Астон Вила кои не го откупија неговиот договор.

Овој пат неговата позајмица во Атлетико Мадрид нема да има опција за откуп на договорот, но овој транфсер носи добри вести за каталонците кои со овој потег се ослободија од големи финансии во буџетот кои ќе ја олеснат регистрацијата на новите фудбалери.

Се вчитува...