Јокиќ ги почестил соиграчите од репрезентацијата на Србија, потрошил над 350 илјади евра

Зад српската кошаркарска репрезентација е уште еден успешен настап на големите собири. На Летните олимписки игри во Париз нашиот северен сосед одигра фантастичен турнир, беше блиску до триумф над САД во полуфиналето, а подоцна стигна до бронзениот медал совладувајќи ја Германија.

Во центарот на српската репрезентација беа НБА кошаркарите Боган Богдановиќ и Никола Јокиќ, а овој вториот по крајот на турнирот се одлучил да ги почести соиграчите со кои стигна до медал.

Јокиќ на секој од нив му подарил скапоцен часовник „Ролекс“ со вредност од 32.500 евра за што потрошил сума поголема од 350 илјади евра.

Се вчитува...