Манчестер Сити му „украде“ талент на Вест Хем

Манчестер Сити паралелно со вложувањата за сениорскиот тим вложува и во младинци кои во иднина треба да настапуваат меѓу најдобрите единаесетмина. Таков е и случајот со новото засилување, Дивин Мубама.

Деветнаестгодишниот Англичанец кој го покрива нападот преминува во редовите на Манчестер Сити од Вест Хем Јунајтед во трансфер вреден 1.5 милиони евра.

За фудбалерот кој има осум настапи во Премиерлигата постоеше интерес и од страна на Олимпик Марсеј и Фамаликао, но во последен час Манчестер Сити започна конкретни преговори кои резултираа со успех.

Се вчитува...