Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Џанан Муса ќе добие нов, побогат договор од страна на Реал Мадрид, притоа продолжувајќи ја соработката за уште две сезони, пренесуваат шпанските медиуми.
По одличната сезона Муса беше мета на неколку тимови од НБА лигата, но одби враќање назад во Соединетите американски држави каде во минатото настапуваше за Бруклин Нетс.
Претходно тој беше член на Цедевита, а по враќањето во Европа во 2021 година играше и за Анадолу Ефес и Бреогран пред да биде промовиран во еден од најтрофејните кошаркарски клубови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА