Еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон во текот на својата кариерата важеше за најнепосакуван противник во рингот. Многумина се плашеа од меч против „Железниот Мајк“, а сега и тој самиот откри дека има еден човек кој го плаши.
На големо изненадување, станува збор за Мик Фоли, добро познато кога станува збор за „WWE“ организацијата.
„По ѓаволите, се плашам од тој тип… Тој ја доживува смртта секој ден од својот живот. Скока на секакви г*мна, налетува на камиони и коли, и сепак е нормален. Ја скрши секоја коска во телото, и тој е нормален тип. Само не знам зошто толку многу не се сака себеси, го избра потешкиот начин да заработи“, откри Тајсон во гостувањето во американски подкаст.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

