Зиркзе од херој до трагичар: Манчестер Јунајтед на колена пред Брајтон

Брајтон стигна до втората победа на отварањето на новата сезона во Премиерлигата откако на домашен терен славеше против Манчестер Јунајтед со 2-1 во фантастичен натпревар во кој видовме атрактивни голови, но и несекојдневни ситуации како онаа на новото засилување Зиркзе кој од херој во првото коло стана трагичар за само еден натпревар.

Натпреварот го отвори Дани Велбек со умешен гол од шестнаестникот во 32. минута од средбата, а овој резултат остана на семафорот до крајот на првото полувреме. Вторите 45. минути донесоа нова голема возбуда, Брајтон имаше неколку изгледни шанси да стигне до предност од уште еден гол, а откако не ги искористи следеше казната на спротивната страна.

Диало во 60. минута донесе изедначување на 1-1, а „црвените ѓаволи“ можеа и да стигнат до целосен пресврт доколку на лошо место во лошо време не се појави Зиркзе кој од гол линијата на противникот спречи гол на соиграчот Гарначо. Брајтон сепак стигна до целиот плен откако во 95. минута ја затресе мрежата на Онана преку Жоао Педро.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...