Интер го сака Херомосо, но постои голем проблем

Шпанскиот стопер Марио Хермосо ова лето може да заврши во редовите на актуелниот шампион на Италија, Интер кој е сериозно заинтересиран за негов ангажман, но за тоа постои и еден сериозен проблем.

Имено, Интер го посакува Хермосо во своите редови и тој би се преселил во Милано на слободен трансфер, но платата која ја бара 29-годишниот Шпанец е преголема за апетитите на Интер па до овој трансфер би дошло само доколку тој се сложи на помала плата, пренесуваат италијанските медиуми.

Хермосо потекнува од младинската школа на Реал Мадрид, но не доби шанса во првиот тим. Во 2017 година се пресели во Еспањол, а по добрите настапи за овој тим во 2019 година се пресели во Атлетико Мадрид. За „јорганчиите“ настапуваше пет години запишувајќи 130 натпревари.

Се вчитува...