Барселона два месеци без клучен фудбалер

Барселона се соочува со големи и неочекувани проблеми откако на самиот старт на сезоната остана без услугите на важен дефанзивец. Станува збор за Андреас Кристенсен кој поради повреда го очекува пауза до два и пол месеци, откриваат шпанските медиуми.

Данскиот репрезентативец заработи повреда на Ахоловата тетива поради која ќе биде надвор од теренот на подолги стази, слично како и Роналд Араухо кој ќе отсустува до крајот на ноевмри.

Тоа значи дека тој со сигурност ги пропушта натпреварите против Атлетик Билбао и Гирона, а најверојатно и самиот почеток на Лигата на Шампиони.

Се вчитува...