Тен Хаг ја посрамоти англиската ѕвезда, го повика на гостување па го остави „во автобус“

Се чинеше дека Ерик тен Хаг и Џејсон Санчо ги „закопаа секирите“ по озбилното недоразбирање претходната сезона, но однесувањето на холандскиот стретег не дава дознаење дека тој е посакуван во тимот.

Санчо откако се скара со тренерот замина на позајмица во Борусија Дортмунд, а најавите за новата сезона велеа одново ќе има место во тимот. Тој доби минутажа на средбата против Манчестер Сити во Комјунити шилд-от, но не беше дел од тимот кој се сретна со Фулам на отварањето на Премиерлигата.

Англискиот репрезентативец беше повикан за гостувањето кај Брајтон, а и покрај тоа што патуваше со тимот на крајот не го најде своето место во протоколот.

За Санчо постојат повеќе заинтересирани тимови па ќе биде интересно да видиме каде ќе игра во новата сезона.

Се вчитува...