Фудбалерите на Фрајбург стигнаа до убедлива победа од 3-1 против Штутгарт во првото коло од новата сезона во Бундеслигата.
Гостите први поведоа во 2. минута преку Демировиќ, но следеше одговор од страна на Кублер кој изедначи на 1-1 во 27. минута. Во 54. минута Дуран донесе пресврт за 2-1, а конечниот резултат го постави Кублер со својот втор гол во 61. минута.
На триумф се радуваше и Лајпциг кој славеше со минимални 1-0 против Бохум и покрај тоа што од 85. минута играше со фудбалер помалку по црвениот картон на Орбан.
Во останатите натпревари:
Аусбург – Вердер Бремен 2-2
Хофенхајм – Кил 3-2
Мајнц – Унион Берлин 1-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА