Тен Хаг: Имаме сериозен проблем, не сме сложни

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед го претрпеа првиот пораз во новата сезона откако загубија на гостувањето кај Брајтон со 2-1 во драматичен натпревар во кој победникот беше решен во 95. минута.

„Црвените ѓаволи“ имаа негатива од стартот, но изедначија и беа блиску до целосен пресврт, но Зиркзе на гол линијата спречи втор гол за својот тим. Поразот наиде на големо разочарување кај тренерот Ерик тен Хаг.

„Разочаран сум бидејќи требаше да биде нерешено, да не кажам дека требаше да победиме. На крајот испадне да не освоиме ниту еден бод од овој натпревар, а тоа ме разочара.

Ќе разговараме како реагираме кога имаме долг посед на топката. Примивме два гола денеска што можевме да ги одбраниме. Тоа е моето чувство, примаме голови во ситуации кога не делуваме како сложен тим. Мораме да се подобриме, за тоа мора озбилно да разговараме, да научиме како да бидеме сложни во овие моменти и секој да си ја заврши својата задача. Неопходно е да работиме едни за други“, вели Тен Хаг.

Се вчитува...