Интер стигна до првата победа во Серија А откако во 2. коло триумфираше на домашен терен против Лече со 2-0.
„Нероаѕурите“ стекнаа предноста уште во 5. минути од натпреварот со голот на Дармиан, а Чалханоглу од белата точка во 69. минута од средбата.
Ова се први три бода за Интер во сезоната откако на отварањето од сезоната клубот од Милано ремизираше со Џенова. За Лече пак тоа е втор пораз во вториот натпревар.
На триумф се радуваше и Џенова која славеше со 0-1 на гостувањето кај Монца.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА