Тажна вест од Германија: Почина Криштоф Даум

Познатиот германски фудбалски тренер Криштоф Даум, почина на 70-годишна возраст по тешко боледување. Последен ангажман на Даум му беше романската репрезентацијата во 2016-2017, по што му беше дијагностициран канцер, со кој се бореше последните години.

Низ својата кариера водеше многу клубови од Германија и од Турција. Тренерската кариера ја почна во Келн, онаму каде што ја заврши играчката, а потоа беше и во Штутгарт, Бешикташ, Баер Леверкузен, Австрија Виена, Фенербахче, па повоторно во Келн, па одново во Фенербахче, кратко беше тренер и во Ајнтрахт Франкфурт. Го презере Клуб Бриж во 2011, па се врати во Турција во Бурсаспор, за во 2016 се проба и во селекторските води, водејќи ја селекцијата на Романија.

Со Штутгарт направи вистинска сензација кога ја освои титулата во сезоната 1991/92, а со Баер Леверкузен трипати беше вицепрвак. Ја освои и Супер Лигата на Турција и со Фенербахче и со Бешикташ, беше првак и со Австрија Виена во Австрија.

Се вчитува...