Гвардиола: Халанд не е најкомплетен напаѓач, тоа е…

Манчестер Сити убедливо со 4-1 го победи Ипсвич во 2. коло од англиската Премиер лига , а Ерлинг Браут Халанд се истакна со хет-трик. Норвежанецот постигна 94 гола на 101 настап во дресот на „Граѓаните“, па Пеп Гвардиола го прашаа за норвешкиот напаѓач по натпреварот.

-Халанд го постигна 22-тиот хет-трик во сезоната, дали е тоа најкомплетниот напаѓач кој сме го виделе во фудбалот?
Гвардиола: Најкомплетниот напаѓач е Лео Меси , никогаш не сум видел такво нешто.
Останува да се види реакцијата на голгетерот на Манчестер Сити после оваа изјава на својот тренер.

Се вчитува...