Дури и Челси се шокирал од барањата на Осимен

Челси и натаму е во преговори со Наполи за трансфер на напаѓачот Виктор Осимен. Како дел од овој трансфер, Ромелу Лукаку треба да замина во Наполи, меѓутоа трансферот на Нигериецот во Лондон „запна“ со огромните барања на фудбалерот.

Осимен бара договор од дури 589 илијади евра неделно, или околу 2,5 милиони месечно, со што би станал еден од најплатените играчи на Премиер-лигата. Челси останал шокиран од таквите барања, и се чини ќе тргне кон други решенија.

Поради тоа Челси сега ќе се обиде со Федерико Киеза од Јувентус и со Доминик Калверт-Луин од Евертон.

Се вчитува...